Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Ин Витро

Почитувани пациенти

Вашата желба за собствено дете е се уште неостварена. Желбата да имаме свое поколение е многу лична и интимна. Кога таа желба неможе да се оствари, се појавуваат многу прашања, сомнежи и страв. Дури и вашето партнерството е поставено пред сериозен испит. Затоа е потребна заедничка доверба која ќе ни помогне заедно да ја оствариме таа толку посакувана желба.

Во нашата болница работи оддел за ин витро оплодување (биомедицинско подпомогнато оплодување – БПО), кои има за цел да им помогне на двојките, кои имаат проблем со остварување на својата репродуктивна функција. Во текот на нашето постоење, целосно сме посветени на проблемите со зачнувањето, при што го достигнавме врвот во областа на стерилететот со отворањето на одделот за ин витро оплодување. Ин витро лабораторијата е опремена со најсовремна апаратура во која ги користиме сите најнови и модерни технологии во областа на биомедицинското подпомогнато оплодување, користени во најдобрите светски клиники. Со вас ќе работат високо квалифицирани специјалисти чија цел е да ви помогнат да го добиете посакуваното дете.

Ние ги остваруваме вашите соништа, ја создаваме вашата среќа и вашата иднина.

И природата понекогаш има потреба од малку помош

Првото успешно ин витро оплодување е направено во далечната 1978 година во Англија, кое даде надеж на многу двојки. Ин витрото         ( вештачкото оплодување ) е сложена процедура која бара голема емоционална енергија и пред се финански ресурси.

Ин витро процедурата преминува низ шест фази :

  1. Овариjална супресија
  2. Овариjална стимулација
  3. Аспирација на јајцеклетки
  4. Оплодување на јајцеклетките
  5. Ембриотрансфер
  6. Тест за бременост

Прочитај повеќе