Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Инсеминации

Интраутерина инсеминација

  • Интраутерината инсеминација е прилично едноставна метода на оплодување со која што претходно припремениот семен материјал од машкиот партнер се внесува внатре во матката за време на овулацијата, со што се зголемува веројатноста за оплодување и зачнување.
  • Жената се стимулира со медикаменти за да се создадат повеќе јајцеклетки. Кога се користат медикаменти за стимулација жената треба да биде контролирана со ултразвук и по потреба да се одредува нивото на определени хормони во крвта.
  • Кога фоликулите ќе достигнат определена големина се дава стоп инекција за да се индуцира – предизвика овулацијата. Во времето на очекуваната овулација, спермата се обработува во специјална лабораторија и апаратура за таа намена.
  • При обработката се оделуваат сперматозоидите од другите компоненти на семенската течност. Процедурата трае од 60 – 120min.
  • Приготвената сперма која содржи само брзоподвижни сперматозоиди се вбризгува во цервикалнниот канал или внатре во самата матка со тенок и мек катетер.
  • Инсеминацијата е безболна процедура. Жената остaнува на гинеколошкиот стол во наредните 15 минути. Ризикот од компликации при интраутерина инсеминација е исклучително редок.
Please enable JavaScript in your browser to complete this form.