Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Ултразвучна мамографија

Ултразвучна мамографија

  • Здравјето на вашите дојки е важно, а ранaта детекција е клучот за поздрава иднина. Болнива Д-р Органџиски нуди најсовремени услуги за ехо на дојка!

  • Без разлика дали треба да направите рутински преглед или имате загриженост за здравјето на градите, нашата напредна технологија и искусен персонал се тука! Посветени сме да ви обезбедиме најквалитетна нега и и удобност.

  • Зошто да нè изберете за вашиот преглед – ЕХО на дојката?

  • Најсовремена технологија;

  • искусен персонал;

  • прецизни резултати.

  • Не чекајте! Закажете го вашиот термин за EХO на дојка кај нас и тргнете на патување кон поздрава иднина!

  • Карциномот на дојката е малигно заболување кај жената. Ризикот од појава на овој карцином е повисок кај жените кај кои постои можност болеста да биде наследна (доколку претходно се има јавено кај нејзината мајка или кај некој поблизок член од семејството по мајчина линија).

  • За да се открие некаква промена во градата пред сè неопходно е да се знае што е нормално за дојките во смисла на изглед и конзистенција. Во овој случај доколку имаме појава на некоја абнормалност и промена во изгледот, структурата, конзистенцијата, симетричноста на градата сето тоа може лесно да се забележи и воочи. Доколку се забележат промени веднаш треба да се консултира со лекар, во најкраток можен рок, без одлагање дека промета сама ќе се повлече.

    Особено жените треба да внимаваат на:

    – појава на јазли, тврди маси во дојките – јазолчињата во дојките обично се безболни,

    – оток под пазувите

    – видлива рамнина или вдлабнување на дојката, која можеби укажува на тумор кој не може да се види ниту напипа

    – секоја промена на кожата на дојката во контурата, составот или температурата на дојката, црвеникава изразена површина како кора од портокал

    – промена на брадавицата, слично на вовлечен или набран изглед, чешање и печење, или гноење или пак лупење на брадавицата

    – необичен исцедок од брадвицата кој може да биде бистар, крвав или со друга боја обично предизвикан од обични нарушувања, но можно е и како последица на рак.

     Редовната самоконтрола и редовните ултразвучни прегледи, значително ја намалуваат смртноста од рак на дојката.

Please enable JavaScript in your browser to complete this form.