Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Политика за приватност

Оваа Политика за приватност на личните податоци дава информации за начинот на кој Органџиски ги собира, управува, обработува и користи податоците собрани при посета на нејзината веб страница, www.organdziski.com

Органџиски преку веб страницата не собира лични податоци за Вас. При посета на страницата, имајќи ја предвид природата на интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но тие сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице бидејќи претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата, односно даваат само податоци за навигација. При посета на страницата на серверот се создаваат логови кои ги содржат следните податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страница на Органџиски;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Време на чување на собраните податоци

Сите серверските логови во кои се содржани сите навигациски податоци за вашата посета автоматски се бришат при напуштање на нашата страница.

Безбедност на податоците на интернет

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Органџиски има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.

Прифаќање на условите 

Со користење на веб страницата, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Континуирано користење на веб страницата, по промените на оваа Политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.