Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Ин витро фертилизација

Во нашата болница работи оддел за ин витро оплодување (биомедицинско подпомогнато оплодување – БПО), кој има за цел да им помогне на двојките, кои имаат проблем со остварување на својата репродуктивна функција. Во текот на нашето постоење, целосно сме посветени на проблемите со зачнувањето, при што го достигнавме врвот во областа на стерилитетот со отворањето на одделот за ин витро оплодување. Ин витро лабораторијата е опремена со најсовремна апаратура во која ги користиме сите најнови и модерни технологии во областа на биомедицинското подпомогнато оплодување, користени во најдобрите светски клиники. Со вас ќе работат високо квалифицирани специјалисти чија цел е да ви помогнат да го добиете посакуваното дете.

Ин витро процедурата минува низ пет фази :

  • Овариjална супресија
  • Овариjална стимулација
  • Аспирација на јајцеклетки
  • Оплодување на јајцеклетките
  • Ембриотрансфер
  • Тест за бременост

Оваријална супресија

Овулацијата на жената се контролира со специјални лекови наречени GnRH аналози ( гонадотропин рилизинг хормон аналози ). Има две категории на GnRH аналози – агонисти и антагонисти. Овие лекарства не дозвoлуваат да се ослободат јајцеклетки прерано за време на целата процедура. Затоа оваа фаза се нарекува фаза на фоликуларна супресија. GnRH аналозите се дават вo форма на спреј за нос, интрамускулно или како подкожна инекција. Како странични ефекти од овие лекови можат да се појават главоболка, топли бранови, сувост во вагината, промени во расположението, црвенило, болка и друго, но сите овие странични ефекти се краткотрајни и минливи.

Фоликуларна стимулација

За да се зголемат шансите за бременост се користат лекарства за стимулација на јајниците со цел да се добијат повеќе фоликули и од таму и повеќе јајцеклетки, многу повеќе од нормалниот циклус. Како странични ефекти од овие лекови можат да се појават црвенило, болка, умор, чуствтелност на градите, синдром на овариjална хиперстимулација, цисти во јајниците и болки во малата карлица.

Инекциите за стимулација на јајниците се даваат од 7 до 10 дена. За време на тој период треба да го посетувате ин витро центарот почесто, за да се следи растот на фоликулите и репродуктивните хормони во крвта. За време на овие прегледи дозата на лекарствата може да се менува по наша проценка. Кога фоликулите ќе ја достигнат потребната големина се дава инекција, наречена стоп инекција која на јајцеклетките им го дава дефинитивниот развој. Кога ќе се стави стоп инекцијата овулацијата ќе настапи за околу 40 часа при нормален циклус, но при ин витро аспирацијата т.е вадењето на јајцеклетките ќе биде малку порано пред да настапи овулацијата.

Аспирација на јајцеклетки

Истата се прави во точно планирани часови по стоп инекцијата, најчесто по 34 – 37 часа. Оваа фаза е многу важна бидејки треба да се случи пред да настапи овулацијата. Зa време на оваа процедура ќе ви биде даденa премедикација или краткотрајна анестезија. Зрелите јајцеклетки се собираат со специјална игла за таа намена , водена од ултразвучна сонда со водач. Иглата преминува преку вагината и достигнува до јајникот и се започнува со аспирацијата на јајцеклетките. После пункцијата може да имате слаби болки слични на тие како при менструација. Ќе останете неколку часа во ин витро центарот во специјална просторија подготвена само за вас и ќе добите инструкции како понатаму.

Оплодување на јајцеклетки

Во ин витро лабораторијата јајце клетките се мешаат со сперматозоидите на вашиот сопруг и наредниот ден се гледа колку од нив се оплодени. Оплодените јајцеклетки се нарекуваат преембриони, кои во наредните денови ќе се набљудуваат дали правилно се делат. Кога ембрионите ќе достигнат определена етапа од својот развиток треба да бидат пренесени во матката.

Ембриотрансфер

Кратка, но многу важна процедура. Пред самиот ембриотрансфер се договараме колку ембриони ќе бидат трансферирани во матката. За време на трнсферот се става специјален катетер кој минува преку вагината, грлото на матката и влегува во матката. Преку тој катетер се ставаат ембрионите во матката. Ембриотрансферот e апсолутно безболен. После него кај нас ќе останете еден час и го напуштате ин витро центарот. Преостанатиот дел од денот ве совеуваме да се одморите.

Тест за бременост

Две недели после ембриотрансферот треба да дојдете во ин витро центарот и да направите тест за бременост β-hCG во крвта. Ако неможете да дојдете, може да направите обичен тест за бременост со мокрача, но не брзајте пред 15-тиoт ден од ембриотрансферот бидејки се послабо чувствителни.

МНОГУ ВАЖНО!

За жал ниту зачнувањето, ниту среќниот крај на бременоста не можат да се гарантираат со ин витро процедурата. Постојат многу причини поради кои ин витро оплодувањето може да биде неуспешно. Причини за неуспех можат да бидат :

  • Неможност да се извлече јајцеклетка, бидејки фоликулите кои содржат зрели јајцеклетки можат да не се развијат зa време на стимулацијата, овулацијата настaпила пред времето за пункција, неможност да се аспирираат јајцеклетките поради технички причини како што е срастување на ткивата поради предходни операции или воспалителни процеси.
  • Аспирираните јајцеклетки може да не се нормални.
  • Можно е да нема доволно семенска течност за оплодување на јајцеклетките.
  • Ембрионите можат да не се развиваат правилно или воопшто да не се развиваат. Ембрионите кој се развиваат неправилно не се поставуваат во матката.
  • Ембриотрансферот може да биде тежок или невозможен. Можно е ембрионите да не се имплантираат или ако се имплатираат да не се развијат правилно.
  • Секоја фаза од процедурата ин витро може да се искомплицира од непредвидливи ситуации како повреда на апаратурата, инфекција и други причини.