Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Видови крварења

Кога треба да се сметета дека менструацијата протекува како матково крварење?

Менструација која трае повеќе од 7 денови се смета како менструално крварeње. Крвта се губи во вид на сосироци или струјно што води до малаксаност, слабост, бледост на кожата и лигавиците и снижување на крвниот притисок. Постојат циклични и ациклични маткови крварења.

Цикличните крварења се појавуват во деновите на менструација, додека ацикличните крварења можат да се појават во секое време, да бидат доста продолжени и да траат со недели, дури и месеци. Основни причини за цикличните крварења се: миом на матката, ендометриоза на матката, воспаление на лигавицата ( ендометриум ) на матката, заболувања на крвта при кои е нарушена функцијата на сосирување на крвта. Основни причини за ацикличните крварења се: хиперплазија и полип на ендометриум, хормонални нарушувања како резултат на намален прогестерон и зголемен естроген, нарушена маточна и вонматочна бременост, карцином на грлото и ендометриумот на матката.

Што треба да се направи при крварење

  • Ултразвучно испитување
  • Киретажа на грлото и ендометриумот на матката и испраќање на материјалот за хистолошко испитување.
  • Хистероскопија
  • Испитување на системoт за сосирувaње на крвта
  • Тест за бременост
  • Хормонална дијагностика

Како се лекува крварењето?

Лекувањето на крварењето зависи од причините кои го предизвикуваат. Треба да се знае дека лекувањето е строго индивидуално и различно кај секоја жена во зависност од причините кои го предизвикуваат.