Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Гинеколошка лапароскопија

Нашата Болница нуди лапароскопска гинеколошка хирургија, подигајќи го женското здравје на повисоко ниво!

Лапароскопската хирургија, позната и како минимално инвазивна хирургија е најсовремена техника и вклучува користење на мали засеци и специјализирани инструменти за изведување на различни процедури со помала траума, намалени лузни и побрзо време на закрепнување.

Денес, скоро сите гинеколошки операции може да се изведат лапароскопски и тоа:

  • ендометриоза;
  • миоми ;
  • цисти на јајниците;
  • било која друга гинеколошка состојба која бара хируршка интервенција…

За таа цел, нашиот стручен тим од гинеколози е тука да обезбеди исклучителна нега, прилагодена на вашите потреби. Вашето здравје и благосостојба се од наша најголема важност, поради што инвестиравме во најсовремена опрема и составивме високо квалификуван тим од хирурзи, специјализирани за лапароскопски гинеколошки процедури.

Со лапароскопска гинеколошка хирургија, имаме цел да го подобриме вашето здравје, овозможувајќи предности за пациентките:

  • помалку крварење,
  • побрзо заздравување,
  • пократок престој во болница и
  • побрзо враќање на секојдневните обврски.