Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757
 Шаклева

Катерина Шаклева

медицинска сестра – анестетичар

СпецијалностMedicine
Области на Експертиза 

  Катарина Шаклева, Главна сестра на Болница Д-р Органџиски / Hospital Dr. Organdziski и анестезиолошка сестра. Дипломирана медицинска сестра на ВЗШ;
Работно искуство:
од 1999 до 2022 год. во Одделение за анестезија, реанимација и интензивно лекување Клиничка болница – Штип; 14 години е главна сестра на Служба за анестезија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ); Долгогодишен член на Здружението на медицински сестри и акушерки на град Штип; Дел од основачите на Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега (МЗМСАРИН) од град Штип. Член на Извршниот одбор на поранешното Здружение на анестетичари на Македонија; Стекнати бројни сертификати и благодарници на општинско, републичко и меѓународно ниво, меѓу кои и: Сертификат за учество на семинар ,,Управување со медицински отпад” (2013); Сертификат за учество на Прва интернационална конференција на Високите школи и факултети од областа на сестринството (2014); Благодарница од ЗМСТА – Штип (2014); Сертификат за учество на Конференција за документација на сестринска и акушерска нега (2014); Сертификат за учество на Симпозиум со меѓународно учество ,,Медицинските сестри/акушерки – сила за промени. Ресурс од витално значење за здравјето” (2014); Сертификат од семинар ,,Managing of Human Resources for Health” (2015); Сертификат од семинар ,,Care Excellence, Effective Communication and Patient Behavior in Therapy Adherence” (2015);
Сертификат за учество на Втора анестетичарка средба со меѓународно учество при ЗМСТАМ на Македонија под мото: ,,Континуирана едукација – императив за успешна пракса” (2019); Сертификат за присуство на Конференцијата со поддршка на Кампањата ,,Nursung now” (2018); Сертификат за учество на анестетичарска средба под мото ,,Медицинската сестра, анестетичар – вчера, денес и утре (2018) и многу други.
Учесник на едномесечна едукација во Истанбул, Турција, за ресорната област во која долгогодишно работи, ,,Florence Nightingale” (2012).