Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757
.Верица Органџиска

Верица Органџиска

Д-р, спец. гинеколог акушер

Специјалностгинеколог – акушер
Области на Експертиза
  • Репродуктивна медицина
  • Ин витро оплодување
  • Оперативна гинекологија
  • Хистероскопија
  • Дијагностички методи колпоскопија
  • Фетална морфологија
  • Гинеколошки ултразвук
  • Акушерство

     Д-р Верица Органџиска е единствениот лекар во Македонија специјалист акушер гинеколог, во исто време и ембриолог со повеќе од 14 години работно искуство.
Завршува Медицински факултет во Софија со највисок успех и специјализација по гинекологија и акушерство во Скопје. 
     Ги владее сите современи техники во ембриологијата и ин витро оплодувањето. Го воведе методот на бавно замрзнување ембриони (slow freezing), под раководството на Алфред Книевалд, еден од водечките признати светски ембриолози, кој има работено во центарот за ин витро оплодување и хумана генетика – Ерланген Германија и помогнал во основањето на 26 ин витро центри ширум светот. Под нејзино раководство е воведена и витрификација на ембриони – познато како брза метода на замрзнување. Ја воведува и методата IVF-ICSI за лекување на машката неплодност што значи директно внесување на сперматозоид во јајцеклетката.
     Член на европското здружение за хумана репродукција ESHRE. Има освоено прва награда и на практичен и на теоретски испит за хистероскопски операции, организирана од Европоското здружение по хистероскопија, одржано во Марибор. Има многубројни обуки, симпозиуми низ целиот свет и Европа, со цел постојано усовршување и подобрување на знаењето. Лидер во колпоскопијата, гинеколошката дијагностика и феталната морфологија. Преполна со човечност, секогаш подготвена да помогне, да пружи рака. Го жртува и својот приватен живот само со една цел – да се родат колку што може повеќе бебиња. 
    Со ваков кадар не може да се пофали ниту една клиника во нашата држава, затоа Д-р Верица Органџиска е нашата гордост, радост, иднина.