5D ултразвучната машина Samsung HERA W10 е последно и најсофистицирано технолошко достигнување во областа на медицинската дијагностика.
Преку 5D ехото на идните родители им се овозможува да погледнат во мајчината утроба, да го видат своето бебе, неговото лице и насмевка, неговото мавтање со рацете.Ехото овозможува и откривање на евентуални аномалии на плодот многу порано и посигурно од досега. Љубовта кон Вашето неродено бебе веќе не е слепа.
5D ултразвучната машина Samsung HERA W10 преку функцијата 3D XI овозможува приказ на мозокот и внатрешните органи на плодот, исто како при компјутерска томографија и магнетна резонанса. Заради сите овие исклучителни перформанси и предности, овој апарат екстремно ги проширува дијагностичките можности и клиничката прецизност.