Главната разлика во споредба со епидуралната анестезија е тоа што спиналната анестезија се применува само еднаш и се инјектира директно во течноста во ‘рбетниот мозок, додека епидуралната се применува надвор од обвивката и може да се дава и дозира континуирано. Исто така, спиналната анестезија делува брзо, поради што е најчест избор во случај на итен царски рез, додека на епидуралната анестезија ѝ требаат околу 20 минути. Кога станува збор за дозата, спиналната значи посилен ефект со помали дози, додека епидуралната бара повисоки концентрации на анестетик.