Прием во вилата на претседателот Борис Тадиќ
Д-р Стојан Органџиски и неговата сопруга, д-р Верица Органџиска, постојано ги надградуваат своите вештини и знаења.
На 25.3.2011 година двајцата беа дел од Конгрес за хумана репродукција во Република Србија. По Конгресот пријателски беа пречекани на приемот во вилата на тогашниот претседател на Република Србија, Борис Тадиќ. Двајцата остварија и средба со неговата сопруга, Татјана Тадиќ.
Д-р Стојан Органџиски е долгогодишен специјалист по гинекологија и акушерство – директор на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“.
Д-р Верица Органџиска е единствениот лекар во нашата држава кој е и доктор специјалист акушер-гинеколог и ембриолог со повеќе од 13 години работно искуство.
Тие се докажани лекари со дела и многубројни успеси во својата професија, а со чија помош се создадени стотици нови животи. Двајцата се најдобрите хистероскописти на Хистероскопска обука организирана од Европското здружение за хистероскопија со претседател Бранка Зегура, каде има учесници од цела Европа. Тие во таа огромна конкуренција го освојуваат првото место.
Успесите се резултат на ваквите постојани заложби за лично и професионално надоградување на докторите.