Ендоцервикална киретажа се изведува и кај пациентки со полип во цервикалниот канал, кога по вадењето на полипот (обично со фенестра) треба да се направи и ендоцервикална киретажа со кирета со цел да се отстрани базата на полипот доколку истата се наоѓа во цервикалниот канал.
За полипектомија и отстранување на ендометријални полипи може да се примени и хистероскопијата. Отстранување на утерини полипи, односно изведување на полипектомија, најчесто со користење на електрична омча.
Отстранување на субмукозни миоми на матката, доколку нема контраиндикација (миомот треба да има дијаметар помал од 5 cm, најмалку 2/3 од миомот да е интракавитарен).