Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Болницата
„Д-р Органџиски“
е добитник на Признание за најдоброто од Истокот во областа на здравството

 

Болницата „Д-р Органџиски“ беше меѓу најдоброто од Истокот на истоимената манифестација која ја организираа новинарите од Источниот Регион. Признанието за најдоброто од здравството припадна токму на Болницата „Д-р Органџиски“ поради долгогодишната успешна работа. Признанието, во име на директорот, сопствениците, менаџерскиот тим и сите вработени, го прими прим. д-р Ванчо Органџиски.

„Заедно со мојот син, д-р Стојан Органџиски, и снаата, д-р Верица Органџиска, како сопственици и основачи, го остваривме овој животен сон – тоа е наше заедничко животно дело и заеднички фамилијарен успех. Ова Признание го добиваме по 21 година макотрпна и посветена работа, со многу откажувања и со огромна семејна поддршка. Ова Признание нè обврзува да продолжиме да бидеме на врвот, сè во интерес на нашите пациенти“, рече прим. д-р Ванчо Органџиски.

Громогласниот аплауз од присутните ја награди Болницата „Д-р Органџиски“ и целиот нејзин тим за досегашната макотрпна работа. А прим. д-р Ванчо Органџиски посочи дека ова Признание го посветува токму на неговите следбеници и сите вработени.

„Ова Признание за најдоброто од Истокот во областа на здравството, го посветувам на сите наши задоволни пациенти со кои ги изградивме овие 31 година. Го посветувам на моето семејство и на моите следбеници: синот, д-р Стојан Органџиски, кој е и директор на Болницата; снаата, д-р Верица Органџиска; ќерката Снежана Органџиска-Мајсторова. Го посветувам и на сите вработени, кои даваат придонес за оваа наша успешна приказна да расте“, додаде д-р Ванчо Органџиски при своето обраќање.

Признанието го доделуваат новинарите од Регионалниот актив на новинари ИСТОК, кои се главните виновници за номинацијата, изборот и врачувањето на ова Признание.

  

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *