Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Инсеминација

Интраутерината инсеминација е прилично едноставна метода на оплодување со која што претходно припремениот семен материјал од машкиот партнер се внесува внатре во матката за време на овулацијата, со што се зголемува веројатноста за оплодување и зачнување.

Интраутерината инсеминација се препорачува кај двојки со нејасен стерилитет, кои имаaт неуспешни обиди за забременување една година. Интраутерината инсеминација не треба да се прави кај жени со запушени канали. Затоа пред секоја инсеминација препорачливо е да се прави хистеро-салпингографија (HSG) или хистеросалпингосонографија (HSSG). Интраутерината инсеминација има понизок успех кај жени на 40 годишна возраст, како и кај млади жени со високо ниво на ФСХ на третиот ден од менструалниот циклус. При интраутерината инсеминација се користи сперма од сопругот, но може да се користи и донорска сперма .

Како се прави инсеминацијата ?

Жената се стимулира со специјални медикаменти за да се создадат повеќе јајцеклетки. Најчесто се користат Кломифен и гонадотропни хормони. Кога се користат медикаменти за стимулација жената треба да биде контролирана со ултразвук и по потреба да се одредува нивото на определени хормони во крвта. Кога фоликулите ке достигнат определена големина се прави стоп инекција за да се индуцира овулацијата. Во времето на очекуваната овулација, спермата се обработува во специјална лабораторија и апаратура за таа намена. При обработката се оделуваат сперматозоидите од другите компоненти на семенската течност. Процедурата трае од 60 – 120min. Приготвената сперма која содржи само брзоподвижни сперматозоиди се вбризгува во цервикалнниот канал или внатре во самата матка со тенок и мек катетер. Инсеминацијата е безболна процедура. Жената остнува на гинеколошкиот стол во наредните 15 минути. Ризикот од компликации при интраутерина инсеминација е исклучително редок.