Хистероскопијата претставува поглед на внатрешниот дел на матката со помош на оптика наречена хистероскоп.
Хистероскопијата се применува со диагностичка цел или како хируршка метода за лекување на определени состојби.
Зошто е потребна хистероскопијата?
Хистероскопијата дозволува на лекарот да ја разгледа внатрешноста на матката во детали. Хистероскопот се воведува внимателно преку вагината и грлото на матката во нејзиниот внатрешен дел , а лекарот ( операторот ) го следи секое свое движење на специјални монитори. За време на хистероскопијата може да се земе и биопсија од слузницата на матката за испитување.
Хистероскопијата се користи за откривање на причината за следните симптоми како на пример:
Невообичаено крварење
Стерилитет
Претходни проблеми со износување на бременоста
И други гинеколошки заболувања
Со помош на хистероскопијата можат да бидат отстранети полипи, септуми или прегради на матката, миоми на матката кои се наоѓаат во нејзиниот внатрешниот дел.