Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

Епидурална анестезија

Доживејте ја радоста на нормално породување со епидурална анестезија во нашата болница! Епидуралната анестезија е безбеден и широко користен метод за ублажување на болката за време на породувањето. Тоа вклучува давање на локален анестетик за вкочанетост на долната половина од вашето тело, обезбедувајќи ефективно ублажување на болката додека ви овозможува да останете будни и активно да учествувате во раѓањето на вашето скапоцено малечко.

Нашите висококвалификувани анестезиолози и медицински персонал имаат искуство во администрирање на епидурална анестезија со најголема прецизност и грижа. Можете да бидете сигурни дека вие и вашето бебе сте во рацете на посветени професионалци кои ги разбираат уникатните потреби на идните мајки.

„Epidural“ и „Light Spinal“ е тип на аналгезија што овозможува безболно породување. Голем број жени ја преферираат оваа процедура по запознавање на бенефитите, кои ги дава истата. Оваа постапка се изведува на начин при што во епидуралниот простор, меѓу 4 и 5 лумбален пршлен, со помош на многу тенка игла, се вбризгува анестетик во комбинација со аналгетик. Исто така, постапката може да се изведе со тенок катетер, кој се поставува во епидуралниот простор при што лекот се дава во неколку дози или континуирано.

Епидуралната аналгезија може да се користи за ублажување на болките во првата и втората фаза на породувањето. Аналгезијата почнува да делува околу 20 мин. по вбризгување на лекот, а пациентката има чувство дека контракциите стануваат помалку болни. Лекот ги блокира корените на нервите и потполно ја блокира болката. Анестезијата престанува да делува по неколку часа. Многу трудници-идни мајки размислуваат за овој начин на ублажување на болките при породување, но се двоумат поради разни последици за кои слушале или поради стравот од самата постапка.

За и против епидурална анестезија

ЗА:

  • многу ефикасна против болки во тек на породување, царски рез и други операции;
  • ефикасна против болки при породување во кое се користи форцепс;
  • при породување со царски рез, при што се овозможува мајката да е будна во тек на целата интервенција;
  • ги олеснува долгите и потешки породувања;
  • го намалува крвниот притисок, така што е ефикасна за пациентки, кои имаат висок крвен притисок во бременоста;
  • дава можност за потполно емоционално доживување на свечениот чин породување, бидејки ја исклучува болката;
  • се користи како метод за намалување на болка веќе долга низа години;
  • се користи и за други гинеколошки интервенции и операции.

ПРОТИВ:

  • може да се јават благи главоболки, кои минуваат за неколку часа;
  • може да се јави пад на крвен притисок (секогаш е под контрола на лекар);
  • може да предизвика гадење и повраќање во ретки случаи (ЦЕЛО ВРЕМЕ ПОД КОНТРОЛА НА ЛЕКАР);
  • ограничено движење во долниот дел на телото во тие неколку часа од породувањето.