Нај добар метод на мониторирање на состојбата на плодот е регистрацијата на срцевите тонови. Електронското мониторирање (CTG ) се прави од 28 гестациска недела и во зависност од потребите може да се прави еднаш неделно, но при ризична бременост и почесто.
Ако се регистрира само фрекфенцијата на срцевата кција на плодот, во отсуство на утерински контракции, се зборува за нон стрес-тест, кој е извонредно значаен за оценка на состојбата на плодот. Познато е дека контракциите на матката ја намалуваат утеринската перфузија и со тоа ги трошат резервите на фето-плацентарната единица кои овозможуваат безбедно раѓање на плодот. Ако срцевата акција на плодот се регистрира во состојби кога постојат контракции на матката, било спонтани или провоцирани со Окситоцин – така наречен стрес тест или окситоцински тест. Се користат следните кардиотокографски критериуми за каректеризација на нормални и на патолошки состојби на плодот.
При дијагноза на фетално страдање потребно е во максимално краток рок да се заврши со раѓањето.