Ендоцервикална киретажа овозможува земање на примероци од ендоцервикалниот канал за евалуација на патолошки процеси во грлото на матката.
Обично ендоцервикалната киретажа се изведува заедно со биопсијата на грлото на матката при сомнение за патолошка промена на грлото на матката (карцином) по гинеколошки преглед кај пациентки кои никогаш не земале или одамна немаат земено брис за ПАП или со наод за карцином на грлото на матката на ПАП брис за хистопатолошка верификација на истиот.
Исто така, ендоцервикална киретажа се изведува заедно со биопсија на грлото на матката кај пациентки со наод од ПАП брис во прилог на премалигни промени на грлото на матката (CIN I, CIN II, CIN III) или Carcinoma in situ cervicis uteri.