Тимот на Специјализираната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ е отворен да разговара со пациентите за сите нивни прашања во врска со нивното здравје. Анестезиолошкиот тим пред секоја интервенција од било кој вид и пред секој оперативен зафат, кој се нуди во оваа болница, го информира пациентот за бенефитот и ризикот од било кој тип на анестезиолошка метода.
Целта е пациентот да не чувствува никаква болка во текот на интервенцијата. Болницата располага со најсовремен мониторинг за следење на виталните параметри на пациентот со цел да се зголеми нивната безбедност во текот на престојот. Пред секоја операција, анестезилогот поопширно ја информира пациентката за целата постапка на вовед и будење од анестезија.
Тимот на Болницата „Д-р Органџиски“ дава можност за спонтано, безболно породување и породување со царски рез. Овде жените-идните мајки добиваат можност за безболна метода, која овозможува да се редуцира болката при самото породување при што жената може да ужива во самиот нејзин чин.