Врвниот специјалист гинеколог – акушер, Д-р Кирчо Шумански, е веќе дел од нашиот тим.
Средно образование завршува во Штип.
Дипломира на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје.
По дипломирањето, се вработува како доктор по медицина во Општа болница – Штип во 1987 год.
Специјализира во 1996 година, така што се стекнува со титулата специјалист по гинекологија и акушерство. По завршувањето на специјализацијата, како специјалист гинеколог – акушер се вработува на Одд. по гинекологија и акушерство во Клиничка болница – Штип каде работи до 2011 год. Во 2011 год. отвора приватна здравствена установа, ПЗУ ,,Фемина” – Штип каде работи до септември 2023. Од октомври 2023 продолжува со работа во Болница Д-р Органџиски / Hospital Dr. Organdziski – Штип.
Вашите прегледи кај доктор Шумански можете да ги закажете на:
032 393 757; 078 393 757