Абортус или пометнување е прекин на бременост. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и поединечно и значи повеќе од борба за права.
Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тек сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста – arteficialis. Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават сè повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себеси носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.
Денес право на барање за прекин на бременоста има секоја бремена, полнолетна жена. Барањето се подава во здравствена установа (генеколошко-
Доколку бременоста е постара од десет недели, задолжително се состанува комисија која ќе одлучи дали треба да се изврши абортус. Прекинот на бременоста која е постара од десет недели ќе биде одобрена ако постојат одредени причини. Тие причини се:
Секоја медицинска интервенција, па и абортусот со себе носи ризик од компликации. На зачестеноста на компликациите влијаат многу фактори: Староста на жената, здравствената состојба и траење на бременоста, техниката на зафатот, анестезијата, додатни операции, стручноста на гинекологот, хигиенски услови . Процентот на ризикот и можните компликации кај абортусот во првото тромесечие е многу мал. Колку е постара бремената жена можни сè поголеми компликации после абортусот. Сите компликации освен инфекциите се релативно ретки. Компликациите во однос на времето на настанување можат да се поделат на рани и доцни.
Најголемиот број на жени абортираат до десеттата недела од бременоста. Бидејќи тоа е период кој е дозволен според законот. После овој период одлуката ја донесува првостепената или второстепената комисија доколку постојат индикации за прекинување на бременоста. Абортусите кои се пред десеттата недела се полесни, посигурни и поевтини во однос на оние кои се после десеттата недела од бременоста.
Поголемиот број од жените чувствуваат олеснување, но треба да се има предвид дека хормонските промени кои настануваат можат да предизвикаат чувство на тага, лутина или вина. Сериозните, долготрајни емоционални проблеми после абортусот се ретки и невообичаени, за разлика од самото породување каде се многу чести. Овие проблеми најчесто се јавуваат ако:
Не, не постојат докази дека правилно извршен абортус може да доведе до пореметување на наредната бременост: бременоста која е надвор од матката, пореметување на плодот, спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете во иднина.
Прекинувањето на бременоста пред плодот да наполни 28 недели чија телесна тежина изнесува помалку од 1000 грама и не е способен да преживее. Најчести причини се:
Видови на спонтани абортуси: