Дежурен број: 078 393 757
032 / 393-757

CTG на плодот

CTG

  • Нај добар метод на мониторирање на состојбата на плодот е регистрацијата на срцевите тонови. Електронското мониторирање (CTG ) се прави од 28 гестациска недела и во зависност од потребите може да се прави еднаш неделно, но при ризична бременост и почесто.
  • Ако се регистрира само фрекфенцијата на срцевата кција на плодот, во отсуство на утерински контракции, се зборува за нон стрес-тест, кој е извонредно значаен за оценка на состојбата на плодот. Познато е дека контракциите на матката ја намалуваат утеринската перфузија и со тоа ги трошат резервите на фето-плацентарната единица кои овозможуваат безбедно раѓање на плодот. Ако срцевата акција на плодот се регистрира во состојби кога постојат контракции на матката, било спонтани или провоцирани со Окситоцин – така наречен стрес тест или окситоцински тест. Се користат следните кардиотокографски критериуми за каректеризација на нормални и на патолошки состојби на плодот.

  • Брадикардија е кога срцевата фрекфенција ќе падне под 120 удара во минута, а тахикардија кога ќе се качи над 160 удара во минута.
  • Варијабилноста на срцевата фрекфенција е нормална појава. Отсуство на варијабилност зборува за фетално страдање или за спиење на плодот.
  • Акцелерација – забрзување над 15 отчукувања во минута е знак за добра состојба на плодот.
  • Децелерација – фрекфенцијата паѓа под базалната линија. Се разликуват рани, доцни и салтаторен тип на децелерации. Последните две говорат за фетално страдање.
  • При дијагноза на фетално страдање потребно е во максимално краток рок да се заврши со раѓањето.
Please enable JavaScript in your browser to complete this form.