Приватната здравствена установа Специјализирана болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – Штип, меѓу другото, располага и со дијагностичка биохемиска лабораторија.
Лабораторијата нуди широк спектар на тестови, од рутински тестови до најсофистицирани тестови за напредна дијагностика и персонализирана медицина, покривајќи ги сите главни области на клиничката патологија, меѓу кои: хематологија и хемостаза, биохемија и имунохемија, тумор маркери, имунологија на алергии и автоимуни болести, молекуларна биологија и хумана генетика и многу други.