Прием во вилата на претседателот Борис Тадиќ
Прием во вилата на претседателот Борис ТадиќД-р Стојан
Прочитај повеќеПовеќе
Повеќе
Повеќе
Повеќе
Повеќе
Акушерството е насочено на бременоста, породувањето и постпарталниот период.
Гинеколошко-акушерската ординација е организирана како дијагностичко- терапевтска установа, во којашто сите најсовремени испитувања и третмани се извршуваат амбулантно, во текот на само еден ден.
Вашата желба за собствено дете е се уште неостварена. Ние ги остваруваме вашите соништа, ја создаваме вашата среќа и вашата иднина.
Целта е пациентот да не чувствува никаква болка во текот на интервенцијата. Болницата располага со најсовремен мониторинг за следење на виталните параметри на пациентот со цел да се зголеми нивната безбедност во текот на престојот. Тимот на Болницата „Д-р Органџиски“ дава можност за спонтано, безболно породување и породување со царски рез.
Одделот за неонатологија се грижи за здравјето и благосостојбата на здравите новороденчиња преку следење на нивниот раст и развој, а достапна е и дијагноза, третман и следење на болни новороденчиња. Во него работи најдобриот тим педијатри, неонатолози и високообучени медицински сестри.
Лабораторијата располага со висококвалификуван кадар, како и со најсовремена лабораториска опрема од индустриските лидери „Roche Diagnostics“.
Во нашата болница се вршат сите видови гинеколошки прегледи по највисоки стандарди и со најсовремена апаратура. Најголемата улога во остварување и навремено дијагностицирање на сите абнормалности, ја има тимот составен од врвни специјалисти и медицински сестри. Нивната дејност е од есенцијално значење за сите сфери во болницата. Тие се всушност мостот помеѓу специјалистите и пациентите.
Многу родени бебиња
Задоволни пациенти
Успешни ин витро постапки
Затоа Специјална болница по гинекологија и акушерствo Д-р "Органџиски“ Штип
ја заслужи Вашата доверба и заслужува да го доверите Вашето здравје на нејзините вработени.
Прием во вилата на претседателот Борис ТадиќД-р Стојан
Прочитај повеќеЖивотното дело на прим. д-р Ванчо Органџиски –
Прочитај повеќеЕдна од најстарите родилки во Европа (59-годишна) е
Прочитај повеќеПрвата живородена четворка е зачната во ШтипПрвата живородена
Прочитај повеќеБолницата „Д-р Органџиски“ е добитник на Признание за
Прочитај повеќеПрим. д-р Ванчо Органџиски го доби признанието „8
Прочитај повеќеДа се има семејство значи да се биде дел од нешто прекрасно. Тоа значи дека ќе сакате и ќе бидете сакани до крајот на вашиот живот без оглед на сѐ. Драги родители Ви посакуваме многу здравје, љубов, среќа, насмевки и безгрижен раст на вашата рожба.
Уште од првиот мој преглед во вашата болница се чуствував среќно, исполнето и задоволно.
Покрај прекрасни доктори, анестезиолози, педијатри, акушерки и сестри ниту во еден момент не се почуствував исплашено за пораѓајот се беше перфектно. Деновите поминати во вашата болница беа прекрасни, целиот персонал беше грижлив како за мене така и за бебето. Само пофални зборови и препорака до сите идни мајки, вие сте најдобрата болница.
Во мојата потрага по мајчинството, приватната болница на д-р Органџиски стана мое засолниште на поддршка и експертиза. Д-р Стојан, нашата водилка, не беше само лекар, туку утешно присуство насекаде. Неговата постојана грижа и охрабрување ми даде доверба во процесот што тоа според мене е и најбитно. Персоналот од болницата ме третираше љубезно и направи да се чувствувам како дома. Нивната искрена грижа создаде негувачка атмосфера, каде што се чувствува грижа и поддршка на секој чекор од патот.
Најсреќниот момент во мојот живот беше доаѓањето на свет на мојот син. Тоа за мене беше прекрасно искуство благодарение на целиот тим во Болницата Д-р Органџиски. Од самиот почеток па се до последниот ден организацијата, грижата и негата беа на врвно ниво.
Посебна благодарност до Д-р Кирчо Шумански кој ни беше на располагање во било кој момент, Д-р Катица која за момент не ја пушти мојата рака во текот на целата интервенција, како и до остатокот од целиот персонал. Супер тим, врвна услуга, топла препорака за сите идни мајки. Јас и малиот Вукан сме ви вечно благодарни!
Голем поздрав од мене и мојата фамилија. Не постојат складни зборови со кои можам да ги опишам моите искуства со болницата Д-р Органџиски и со целиот тим. Професионалност, пристапност во секој момент , големи професионалци, пожртвувани и пред се човечни. Јас имам правено три вештачки оплодувања. Првото во 2014 , второ 2015 и трето 2018 значи второто и третото се успешни. Првото се породив со машко а второто близнаци машко и девојче. Не постојат зборови со кои можеме да ја искажеме нашата голема благодарност до целиот тим - НАЈМНОГУ до Доктор Стојан Органџиски ( за мене ДОКТОР ама со две ДД)
Уште во првиот момент кога дојдовме кај Вас заедно со мојот сопруг Игор, искрено ја почувствувавме позитивната енергија која владее кај Вас и без многу размислување се одлучивме довербата да Ви ја дадеме на Вас за Вашите услуги и посветеност пред, за време и после породувањето на нашето прво прекрасно синче Андон. Тоа што го доживеав во болницата Д-р Органџиски не се опишува со зборови, секој ден го започнувавте и го завршувавте со насмевка и забележав во позитивна смисла дека никогаш не се откажувате од работите кои што сакате да ги постигнете. Вашиот прекрасен љубезен лекарски и стручен тим и останатиот персонал направија се за да се чувствувам безгрижно за цело време.
Јас немам зборови што можат да го опишат најдоброто од болницата, персоналот, др. Стојан др. Верица, ембриолог Емилија сестра Силвија и воопшто целиот тим... На секој топло го препорачувам овој тим бидејќи благодарение на тој тим јас го имам целиот свет во раце и целата среќа а тоа е мојата ќерка Николија која ја добив по пат на ин витро процедура благодарение на најдобриот тим, на најголемата надеж што ми ја дадоа и ја добив сакам да им посакам уште многу успешни години и уште многу семејства да бидат среќни како нас поздрав до најдобриот тим на Др. Органџиски"
Задоволна сум од услугите во Болницата ,Д-р Органџиски', бидејќи таму персоналот работи со голема љубов и посветеност, а посебно - преголема грижа за своите пациенти.
Во оваа болница ми помогнаа да го донесам на свет моето прво бебенце, се грижеа за нашето здравје, за нашата удобност и сите потреби ни беа задоволени.
Секогаш ќе ја имам довербата да се грижат за мене и моите најмили, и сега, и во иднина.
Примариус Д-р Ванчо Органџиски на 21.09.1992 година ја основаше првата приватна гинеколошка ординација во Македонија, а денес заедно со Д-р Стојан Органџиски и Д-р Верица Органџиска ја формираа првата приватна гинеколошка болница во источна Македонија.Болница Д-р Органџиски е плод на 30 годишна бескомпромисна посветеност кон пациентите, труд и успех.